Сауна, подно греење, а креветот полуксузен од дома! Ѕирнете во автобусот за турнеи на Џастин Бибер (ФОТО)

профимедиа

Канадскиот пејач Џастин Бибер (26) и неговата сопруга Хајли Бибер (23) претходниот викенд го поминаа во националниот парк Јута во кој тие со неговиот луксузен автобус се упатија кон турнејата, вредна милион долари.

Сопружниците минатиот месец се вратија во Лос Анџелес откако неколку месеци ги поминаа во изолација во Канада, поради пандемијата на коронавирусот која владее во светот, а сега повторно посакаа да бидат сами во природа надвор од Калифорнија.

26-годишниот пејач и 23-годишната манекенка не внимаваа на трошоците за време на својата романтична екскурзија, па на турнејата се впуштија во екстравагантното возило кое поседува инфраред сауна, подно греење, камин и скара за печење на месо.

профимедиа

Поп ѕвездата за себе и својата најдрага го избрал најдоброто, а во камп-автобусот, за кој се верува дека вреди повеќе од милион долари, постои пространа дневна соба која има три телевизори со рамни екрани и фантастично сино ЛЕД осветлување.

профимедиа

Тие двајца можат да уживаат на удобната софа далеку од погледте на другите бидејќи на прозорите на автобусот се наоѓаат густи ролетни, кои на оваа ѕвезда од А-листата и овозможуваат да има максимална приватност со својата сакана сопруга.Камп-автобусот внатре има и спална соба со простран кревет и плишани перничиња, а има и големи ормари во кои патниците можат да понесат бројна гардероба.

профимедиа

Големите огледала во бањата даваат визуено уште поголем простор, додека сауната служи за вистинско опуштање по напорниот ден.

Возачот на автбусот седи во супер луксузно, металик златно и кожно седиште, додека околу него е најновата електроника и опрема.

профимедиа

Инаку Џастин Бибер им се придружи и на протестите под назив „Black Lives Matter” по убиството на Џорџ Флојд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот