Саудиските власти запленија 14,4 милиони таблети амфетамин скриени во пратка лим од Либан

epa07153395 EPA-EFE/ALBERTO VALDES

Саудиските власти, во соработка со Либан, во пристаништето Џеда запленија 14,4 милиони таблети амфетамин скриени во пратка лим од Либан.

Во април, Саудиска Арабија објави дека го запира увозот на овошје и зеленчук од Либан поради заплената на повеќе од пет милиони таблети амфетамин „Каптагон” – психотропна дрога, скриена во овошјето и го обвини Бејрут за непостапување.

Прекинот на увозот на овошје и зеленчук во Саудиска Арабија е сериозен удар за Либан, кој е во најтешка економска криза во својата историја, а Бејрут го повика Ријад да ја преиспита таа одлука.

Саудиска Арабија беше многу близу до Либан, но се дистанцираше од таа земја во последните неколку години поради влијанието на Хезболах, либанско шиитско движење поддржано од Техеран, големиот регионален ривал на Ријад.

Во извештајот на Француската опсерваторија за наркотици и зависности (ОФДТ) се наведува дека „Каптагон” се произведува во Либан, а веројатно и во Сирија и Ирак и дека главно е наменет за пазарот во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот