Фото: FK Jedinstvo

Сасуоло со интерес за македонскиот фудбалер Матео Кесиќ

Матео Кесиќ, младата македонска фудбалска надеж, со своите игри го привлече вниманието на клуб од италијанската Серија А.

Станува збор за талентиран дефанзивец кој би можел наскоро да се пресели во Италија.

Нашиот млад репрезентативец не се појави на денешниот собир на српскиот клуб Јединство УБ од едноставна причина што тој отиде на проба во Сасуоло.

Матео Кесиќ пристигна во УБ минатото лето од Бродарац, а претходно својот фудбалски пат го трасираше играјќи за Брера од Струмица, каде што се бореше за статус на репрезентативец на Македонија и, преку игрите во кадетската, а подоцна и во младинската селекција, го заработи епитетот фудбалски бисер во нашата земја.

Кесиќ, кој ќе наполни 18 години на 4 февруари, запиша 14 натпревари, што очигледно беше доволно за да привлече внимание кон себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот