Саша Обрадовиќ/EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Саша Обрадовиќ веќе не е тренер на Црвена звезда

Црвена звезда донесе одлука да ја прекине соработката со тренерот Саша Обрадовиќ по елиминацијата од Партизан во полуфиналето на АБА лигата.

Според српските медиуми, иницијативата за смена на Обрадовиќ започнала по силниот притисок од навивачите, а раководството на клубот на утрински состанок го потврдило неговото заминување. Како главни причини се посочуваат разочарувачкото 10. место во Евролигата, како и новиот неуспех во регионалното натпреварување, каде тимот остави впечаток на недоволно компактна екипа.

Обрадовиќ седна на клупата на „црвено-белите“ во ноември, кога го наследи Јанис Сферопулос. Неговиот почеток беше ветувачки, Звезда врза седум победи по ред, се вклучи во битката за врвот во Евролигата, а се споменуваше дури и можен пласман на „фајнал-фор“. Во меѓувреме беше освоен и Купот, но во завршницата формата на тимот драстично опадна.

Со ова, Црвена звезда сезоната ќе ја заврши со трет тренер на клупата, а засега како привремено решение најсериозно се споменува Милан Томиќ.

ВИДЕО | Партизан и вторпат ја победи Црвена звезда за финале во АБА лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот