Сантош: Сонувам за триумф на СП во Катар со Португалија 

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош/ фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Селекцијата на Португалија со вчерашната победа над Македонија од 2:0 во финалниот бараж натпревар, обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, а селекторот Фернандо Сантош најави дека на Мундијалот ќе се обиде да го исполни сонот, да стане светски шампион.

– Единствениот сон што сега го имам е да победам на третото натреварување со репрезентацијата. Досега освоив две, а сега сонувам за триумф на Мундијалот во Катар –изјави Сантош.

Според селекторот, дуелот со Македонија поминал полесно за неговите фудбалери отколку што очекувал и сосема заслужено победиле.

– Тоа беше чиста и заслужена победа. Не видов некоја сериозна акција и шанса на Македонија. Со пласманот на Светското првенство направивме среќни 11 милиони Португалци – додаде Сантош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот