Санирани оштетени заштитни столбови на улиците во Централно градско подрачје

ЈП „Улици и патишта“

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ кои ја одржуваат сообраќајната опрема на градските улици и булевари во теков на изминативе денови санирале оштетени заштитни столбови на повеќе локации особено во Централното градско подрачје.

– Оштетени заштитни столбови беа лоцирани на улицата Димитрие Чуповски на влезот кон плоштад Македонија, кај Триумфалната порта, на плоштадот Филип Втори, на улицата Македонија, како и на голем дел градски сообраќајници. Заштитните столбови редовно се санираат и се поставуваат нови по налог на Град Скопје поради зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, но и за спречување на непрописно паркирање на возилата – информираат од ЈП „Улици и патишта“.

Од ова јавно претпријатие меѓу другото велат и дека истите многу често се уништуваат од несовесни граѓани, па тие како јавно претпријатие апелираат до населението за поголема совесност и како што велат во поголема мера да се почитува сообраќајната опрема и сигнализација за да се одржи безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот