Сања Барбика конечно влезе во студио, подготвува нов хит со Џамбо Агушев! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Сања Цинцева или како што многумина ја знаат, Сања Барбика , после подолга музичка пауза деновиве влезе во студио.

Имено, убавата струмичанка наскоро ќе ја изненади публиката со нов хит, а темата е снимена во студио кај Дејан Момировски.

Фото: Инстаграм

Сања на социјалните мрежи објави неколку фотографии преку кои откри како минува снимањето, а друштво во песната и прави и маестралниот Џамбо Агушев со кој Сања е добра пријателка долги години наназад.

Текстот на песната го потпишува хит мејкерот Борче Нечовски, а пејачката накусо ни откри дека за фановите подготвува големо изненадување, но не сакаше да открива дополнителни детали.

– Со добар тим успехот е неизбежен, а за успехот многу наскоро ќе слушнете. Џамбо и Барбика – Хит мејкери – напиша пејачката под заедичката фотографија од тимот на „Инстаграм“.

Инаку, пејачката е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа одлично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот