Самуел Ето сака да биде на чело на фудбалската федерација на Камерун

Ето поднесе официјална кандидатура за претседател на фудбалска федерација на Камерун/фото: EPA/EXPA / JFK

Легендарниот фудбалер Самуел Ето поднесе официјална кандидатура за претседател на фудбалската федерација на Камерун (ЦАФ).
– Драги пријатели, чест ми е што можам да ја објавам својата кандидатура за позицијата претседател на фудбалската федерација на Камерун. По долго размислување се одлучив на овој чекор бидејќи го сакам Камерун како и поради страста кон фудбалот. Чекањето не е опција, време е повторно да го изградиме нашиот фудбал. Не можеме да чекаме додека другите одат напред – изјави Ето во интервју за камерунските медиуми кое го објави и на својот профил на Твитер.

Актуелен претседател на ЦАФ е Сеиду Мбомбо Нџоје кој стапи на должност во 2018 година, но неговиот избор беше поништен оваа година од страна на Судот за спортска арбитража (ЦАС) и новите избори ќе се одржат во декември годинава.

Видео на денот