Самоизолација на две белгиски министерки поради коронавирусот

Фламанската министерка за економија и валонската министерка за животна средина се во самоизолација поради коронавирусот, соопштија двете преку социјалните мрежи.

Министерката за економија на Фландрија, Хилде Кревиц, се ставила во карантин откако е детектиран вирусот кај член на нејзиното семејство.

Министерката за животна средина на Валонија, Селин Телие, пак, има симптоми на настинка и одлучила како мерка на претпазливост да не ја става својата околина во опасност, таа ќе работи од дома, соопшти на Твитер.

Телие нема температура, и не е познати дали има коронавирус.

-Ништо страшно, имам симптоми на силна настинка, но како секој Белгиец не сакам да ги загрозам моите колеги и членовите на мојот кабинет, напиша министерката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот