Само Нигерија победи на Африканскиот куп на нации

Минимална победа на Нигерија на Африканскиот куп на нации/ фото: EPA-EFE/Samuel Shivambu

На денешните три натпревари во Африканскиот куп на нации (АКН), единствено селекцијата на Нигерија се радуваше на победата. Во едно од најголемите дербија во групната фаза, Нигерија со 1:0 го совлада Египет. Единствениот гол го постигна Келечи Ихеначо во 30 минута со шут од шеснаесетина метри.

Вториот натпревар во групата Д помеѓу Судан и Гвинеа Бисао заврши без голови. Вистински трагичар е фудбалерот на Гвинеа Бисао, Пеле кој во 79 минута промаши пенал.
И натпреварот од групата Е помеѓу Сиера Леоне и Алжир заврши без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот