Самарџиски повторно ќе игра во Турција

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Предраг Самарџиски (33) како што објавуваат турските медиуми во новата сезона ќе ги брани боите на Самсун БСБ Анакент.

Претходно нашиот центар беше дел од МЗТ Скопје Аеродром, минатата сезона во Првата лига во 24 натпревари имаше просек од 12.1 поени, 8.0 скокови и 2.0 асистенции по натпревар.

Исто така имаше 13 одиграни мечеви во АБА лигата, просечно 7.9 поени, 5.6 скокови и 1.2 асистенција по меч.

Веќе има настапувано за турски клубови како Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара Колејијлер и Тујап Бујукчекмече. Во кариерата беше играч уште на Партизан, ФМП, Литвос Ритас, Црвена Звезда и Мега Баскет.

Со најдобрата македонска репрезентација во 2011 година го освои историското четврто место на ЕП во Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот