Салиху: Во тек се повикот за аплицирање за субвенции за чистење на оџаци и обуките за оџачари (ВИДЕО)

Пандемијата предизвикана од коронавирусот, го потисна проблемот со загадување на воздухот, кој до неодамна беше многу актуелен. Една од мерките против загадувањето е чистењето оџаци, за што Градот има објавено повик за аплицирање за субвенции.

-Повикот за аплицирање за субвенции за чистење на оџаците е во тек, досега аплицирале 56 граѓани за искористување на оваа можност. Според анализите, неисчистен оџак загадува три пати повеќе од чист оџак, а тргнувајќи од фактот дека затоплувањето на домовите е клучниот фактор во загадувањето, решивме да субвенционираме и обуки за оџачари. Ова денеска во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ го изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој објасни дека субвенциите можат да ги добијат граѓани чија адреса на живеење од лична карта се води во Скопје.

Буџетот во Градот се полни од граѓаните на Скопје, затоа и сите субвенции се однесуваат на нив. Процесот за аплицирање е едноставен, со фискалната сметка, лична карта и потврда од фирмата која го чистела оџакот се оди во Град Скопје. Таму се пополнува формулар, се дава информација за трансакциска сметка, а Градот ги префрла средствата на сметка, објаснува Салиху.

Покрај тоа, продолжува и кампањата за бесплатно собирање на отпад од берба.

– Кампањата која ја започнавме минатата година, продолжува и оваа година. Сите заинтересирани можат да се јават во Град Скопје и да остават податоци.

-Тимовите веќе се подготвуваат и наскоро се очекува да се излезе на терен, додаде портпаролот на Градот и потсети дека доколку сепак граѓаните се покажат недисциплинирани и наместо да ја искористат оваа можност, сепак се одлучат да ги запалат остатоците од берба, ќе бидат санкционирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот