Фото: gosugamers.net

„Сакса“: Е-спортот не е популарен во Македонија, Дота 2 не играат новите генерации

Во Македонија можеби „Е-спортот“ не е толку популарен, но тоа е променето барем овие денови откако Македонецот, Мартин Саздов познат како „Сакса“ со својот тим Тундра стана светски шампион во Дота 2.

„Сакса“ деновиве и тоа како е популарен во македонската јавност, меѓутоа пред пет месеци во интервју за специјализираниот сајт „гоусгејмерс“ и самиот зборуваше дека Е-спортот се уште не е толку популарен во нашата земја, посебно не Дота 2.

Интервјуто „Сакса“ го даде после турнирот во Стокхолм каде што неговиот тим заврши како третопласиран. Според него во Македонија Дота 2 е популарна само помеѓу момците од 20 до 35 години.

„Е-спортот генерално не е премногу популарен во Македонија, Дота 2 претежно играат момците од 20 до 35 години, многу малку е застапена кај новите генерации. Некои луѓе од време на време ме препознаваат, но мислам дека е само поради тоа што сум единствениот играч од Македонија кој игра на големи турнири во овој месец“, изјави Мартин пред пет месеци.

Кратко „Сакса“ откри и што сака да прави во слободно време.

„Гледам цртани филмови, сакам да одам на прошетки и да поминувам време со семејството, пријателите и девојката“, кратко одговори.

 

Фото: TUNDRA/Twitter

Целото интервју на Мартин можете да го прочитате – ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот