Сакото го зазема првото место на модната листа за новата сезона! (ФОТО)

Дали и на вас првата асоцијација за сако ви е елеганција и деловен стил? Сепак, сакото е нешто што во сончевите пролетни денови може да замени било каква јакна, а дава посебен печат на секој стил.

И додека можеби не се осмелуваме толку лесно да експериментираме со боите, туку на себе носиме стандардни црни или бели сакоа, популарните трендсетерки покажаа како се прави тоа малку поинаку.

Нови трендови се јавуваат со секоја наредна сезона, но оваа пролет во мода се впечатливите бои и затоа слободно напуштете ги темните нијанси и оставете ги за ладните денови. Освен впечатливите бои, популарност добиваат и предимензионираните сакоа кои беа актуелни во 80-те години.

View this post on Instagram

I have a strong relationship with blazers ✨

A post shared by jess. (@_jessicaskye) on

Со добар избор на чевли, но и патики, ќе направите одлична модна комбинација и непогрешлив стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот