Сакале да ја „ограбат“ Барселона: Адвокатот и сестрата на Гризман барале 50 милиони евра провизија

Антоан Гризман две години настапуаше за Барселона по што се врати во Атлетико Мадрид/ фото: EPA-EFE/Rafael Marchante

Претседателот на Барслена, Жоан Лапорта, веднаш по неговото доаѓање на „Камп Ноу“ во март минаната година, почна да ги чешла работата на неговиот претходник Хосеп Марија Бартомеу кој го донесе клубот на работ на банкрот.

Долговите на клубот изнесуваат околу 1.5 милијарда долари и иако Лапорта во неколку наврати не изнесуваше детали за матните работи на неговиот претходник Лапорта, тоа го стори весникот „Мундо Депортиво“ кој откри детали за трансферот на Антоан Гризман.

Гризман минатото лето се врати во Атлетико Мадрид откако помина две сезони на „Камп Ноу“, а сега е откриено дека првите контакти се остварени во 2017 година и тоа не со клубот туку со адвокатот Хосе Анхел Гонзалес.

Ова го покажуваат мејловите кои ги откри компанијата Крол која Лапорта ја ангажира за да направи вештачење на работата на претходното раководство.
Проблемот е што никој не знае каква била улогата адвокатот кој на крајот успеал да го убеди Гризман да потпише за Барселона и за тоа му следувале пет отство од вкупната сума на трансферот. Тоа се шест милиони евра, плус 2.5 милиони во засега непознати бонуси.

„Мундо Депортиво“ пишува сестрата на Антоан, Мод Гризман која му е агент, барала бонус од 40 милиони евра само за да го забрза трансферот. Засега е непознато дали претставниците на Барселона ја платиле оваа сума.

Во 2019 година, Антоан Гризман во трансфер вреден 120 милиони се пресели во Барселона, но по само две години поминати на „Камп Ноу“ се врати во Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот