САКАAТ СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ: Сè повеќе компании воведуваат четиридневна работна недела

фото: Фејсбук

Се поголем број компании во светот воведуваат четиридневна работна недела наместо досегашните петдневна, со цел да ги задржат квалитетните и способните работници, покажуваат податоците на американската Агенцијата за истражување на пазарот на трудот.

Според извештајот „Society for Human Resource Management“ од САД, многу компании во светот воведуваат четиридневна работна недела за привлекување талентирани луѓе од целиот свет, истакнувајќи дека во денешниот глобализиран свет, луѓето од едниот дел на светот наоѓаат работни места без многу мака на другиот крај на светот.

Податоците на агенцијата покажаа дека 27 проценти од компаниите на глобално ниво им нудат на вработените можност да работат четири дена неделно и 9-10 часа на ден, наместо претходните пет дена со по осум часа.

Резултатите од нивните истражувања исто така покажаа дека овој тренд резултираше во подобро расположение кај вработените, но и поголема продуктивност кај компаниите.

Студијата наведува дека работата од дома е уште еден тренд на пазарот на трудот што се стекнува со популарност кај многу компании. Еден пример е Одшер, град во Данска, чии власти воведоа четиридневна работна недела во септември оваа година.

Државните службеници, околу 300 од нив, вработените во општината се воодушевени од новиот начин на работа, додавајќи дека се задоволни што сега ќе имаат три дена одмор за социјални активности дома и во приватниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот