Сафет Бишевац: Ми го искршија автомобилот, сметам дека причина е тоа што ја критикувам власта

Фото: Експрес.мк

„Ноќеска ми беше демолиран автомобилот и сметам дека тоа е поради мојата критика кон власта“, изјави вечерва поранешниот пратеник Сафет Бишевац во емисијата „24 анализа“.

Според Бишевац, возилото било оштетено пред семејната куќа во скопското село Љубин, а пред него и зад него имало други возила, кои не се оштетени. Случајот е пријавен во полиција.

Бишевац беше пратеник и беше дел од коалицијата предводена од СДСМ до 2017 година, но по доаѓањето на власт на Зоран Заев, тој стана остар критичар на актуелната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот