Садику за преминувањето во Алијанса на Албанците: Тачи ме продаде многу евтино на ДУИ во Студеничани

Азем Садику, градоначалник на Студеничани/ Фото: Изборен плакат на ДПА

Новоизбраниот градоначалник на Студеничани Азем Садику, кој денеска офијално објави дека од матичната партија ДПА преминува во редовите на Алијансата за Албанците, за својата одлука вели дека е одговорен лидерот на ДПА Мендух Тачи.

-Прво да ви кажам дека останав во ДПА до крај, бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите“, рече Садику.

Садику денеска најави дека последниот контакт со Тачи го имал по првиот круг од локалните избори кога тој му посакал победа.

-До крајот бев лојален на идеологијата на ДПА, но по ова предавство од ДПА решив да влезам во редовите на Алијанса, рече Садику.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот