САД воведоа рестрикции за уште 33 кинески компании

Кина и САД/ Фото Архива на Слободен Печат

Американскиот секретаријат за трговија соопшти дека одредени се нови рестрикции за 33 кинески компании и институции и истите на сила стапуваат од петок.

Претходниот месец секретаријатот наведе дека 33 кинески компании ќе бидат ставени на „црната листа“ поради тоа што им помагаат на кинеските власти да го шпионираат муслиманското малцинство на северозападот од земјата, Ујгурите, како и поради поврзаноста на одредени компании со кинески воени програми за оружје за масовно уништување, пренесува „Ројтерс“.

Рестрикциите подразбираат дека кинеските компании и институции од американската „црна листа“ нема да може да продаваат американски производи или оние произведени надвор од САД со помош на американската технологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот