САД се обиделе да извршат атентат и врз уште еден ирански командант

Во декември, претставник на Стејт Департментот објави дека администрацијата нуди 15 милиони долари за информации за финансиските активности, мрежата и соработниците на Шалаи.

Ноќта кога Соединетите Американски Држави извршија атентат врз генералот Касем Сулејман, се обиделе да убијат уште еден висок воен претставник на Иран во Јемен, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи извор кој бил дел од акцијата.

Американскиот претставник изјавил дека според сознанијата засега нема дополнителни дејствија против водството на Кудската елитна единица, на чие чело беше Сулејмани.

Вашингтон пост за прв пат објави информации за операции. Според весникот, наводно мета бил Абдул Реза Шалаи, финансиер и еден од командантите на Кудската единица.

Во декември, претставник на Стејт Департментот објави дека администрацијата нуди 15 милиони долари за информации за финансиските активности, мрежата и соработниците на Шалаи.

Веста за дополнителната операција доаѓа откако врховните безбедносни претставници на САД се обидуваат да го одбранат тврдењето на администрацијата на Трамп дека го убиле Сулејмани како одговор на моќната закана врз американски држави. Малкуте докази кои беа изнесени за ова тврдење шири скептицизам за оправданоста на нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот