САД: Од сезонскиот грип досега починаа 14 илјади луѓе, властите се подготвуваат за втор бран

Грип/ Фото: Слободен печат архива

Во САД во првиот бран на сезонски грип заболеа 26 милиони луѓе, а 14.000 лица починаа.

Американските здравствени работници се подготвуваат за вториот бран на сезонскиот грип, а ситуацијата е комплицирана поради тоа што постојат многу сличности меѓу обичниот грип и коронавирусот.

Првиот бран на грипот – инфлуенца Б – го имаше својот врв во декември минатата година, па продолжи да опаѓа, покажуваат податоците на Центарот за превенција и контрола на болести, пренесе синоќа Гласот на Америка.

Истите податоци покажуваат дека вториот бран на грипот започнал на крајот на јануари и дека станува збор за инфлуенца А, која е слична на свинскиот грип.

Иако во САД има само 15 потврдени случаи на заболени од коронавирусот, надлежните се загрижени дека вирусот би можел да се прошири и дека на почетокот би можел да наликува на сезонскиот грип.

Американските здравствени работници соопштија дека ќе започнат да тестираат за коронавирусот некои пациенти кои ги имаат симптомите на грип.

Тестирањата ќе се вршат во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Чикаго и Њујорк.

И сезонскиот грип и коронавирусот предизвикуваат респираторни проблеми, грозница и кашлица. Останатите симптоми на обичниот грип се воспаление на грлото, болки во мускулите, течење на нос и умор.

Научниците и понатаму се обидуваат да ги откријат сите симптоми на коронавирусот познат и како Ковид-19.

Досега се покажа дека почета е кашлицата, грозницата и губење на здивот, во однос на воспаление на грлото и течење на носот, наведува ВОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот