САД: Нови санкции против Русија поради Навални

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Вашингтон подготвува нови санкции против Руската Федерација во врска со ситуацијата со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во притвор, ја објави Си Ен Ен изјавата на советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливан.

– Прво, важно е вашите гледачи да разберат дека воведовме санкции против Русија за труењето на Алексеј Навални и подготвуваме нов пакет санкции кои, исто така, ќе бидат применети во врска со тоа, истакна Саливан.

Претходно, демократите во Конгресот ја критикуваа администрацијата за неуспехот да се воведе втор, законски задолжителен пакет санкции за случајот Навални, до 2 јуни 2021 година. Демократите сметаат дека администрацијата редовно ги пропушта роковите утврдени со Законот за санкции на САД.

Саливан, исто така, додаде и дека САД ќе продолжат да воведуваат нови санкции за руските компании вклучени во проектот „Северен поток 2″.

– Прашањето е дали ќе гониме директно преку нашите овластувања за санкции, нашите европски партнери, сојузници и пријатели. Претседателот Бајден рече: Не сум подготвен да го сторам тоа, но подготвен сум да воведам санкции на секои 90 дена против руски организации вклучени во градењето на Северен поток 2. Тој го направи тоа и ќе продолжи да го прави, одговори Саливан на прашањето зошто САД ги суспендираат санкциите против европската компанија „Северен поток 2 АГ”, која го гради гасоводот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот