Тиктокерот Каби Ламе / Фото: GABRIEL BOUYS / AFP / Profimedia

САД: Најпознатиот и најбогат тиктокер Хаби Ламе уапсен поради истечена виза

Најпопуларната ѕвезда на Тикток во светот, Хаби Ламе, Сенегалец со италијанско државјанство е уапсен во петокот од американските имиграциски власти поради истечена виза и е ставен во привремен притвор пред да му биде дозволено да ја напушти земјата, објавија американските власти во саботата.

„Службата за царина и емиграција (ИЦЕ) го уапси 25-годишниот Камбане „Каби“ Ламе, италијански државјанин, на 6 јуни на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас, Невада, за прекршување на имиграциските прописи“, се вели во соопштението на агенцијата до АФП. Камби Ламе пристигна во САД на 30 април и неговата виза истекла, се вели во соопштението на ИЦЕ.

Со 162,2 милиони следбеници, Ламе се смета за највлијателен човек на платформата Тикток.

Му беше дозволено да замине „доброволно“ на 6 јуни и треба да „ги напушти Соединетите Држави“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, претседателот Трамп ги засили напорите за депортирање на што е можно повеќе имигранти од САД кои немаат валиден престој, иако во некои случаи практиките беа оспорени во американските судови.

Каби Ламе, амбасадор на УНИЦЕФ од јануари, стана познат по своите кратки, неми видеа кои пародираат комплицирани совети што изобилуваат на интернет. Со карактеристичен гест, тој често покажува колку е всушност едноставно решението за проблемот.

Идејата за содржината на ваквите видеа му дошла додека шетал пред станбениот комплекс каде што живеело неговото семејство во Чивасо, надвор од Торино, откако ја изгубил работата во фабрика во март 2020 година поради пандемијата Ковид-19.

Благодарение на видеата што ги објави, неговата слава драстично се зголеми и тој стана многу богат. Според Форбс, таканаречениот „Чарли Чаплин на дигиталната ера“ има богатство од околу 16,5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот