САД ја следат ситуацијата, Франција нуди помош и азил за Навални

Фото: : EPA/ Navalny.com

САД ја следат ситуацијата со критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Изјавата на Трамп уследи откако рускиот опозициски лидер е хоспитализиран, додека неговите соработници се сомневаат дека тој е отруен.

Во меѓувреме, претседателот на Франција, Емануел Макрон на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека Париз е подготвен да пружи неопходна помош за Навални, вклучително и азил.

Макрон истакна дека Франција и Германија се подготвени да пружат медицинска помош.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Навални е одделение за интензивна нега во сибирската болница во Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен, која тврди дека лекарите во болницата биле под закани, како и дека во болницата и одделот за интензивна нега имало големо полициско присуство.

Алексиј Навални падна во бессознание на летот од Томск за Москва, пред кој се имал напиено само чај. Патниците од летот сведочат дека буквално ползел во авионот и споделија вознемирувачки снимки од лелеците на Навални.

Кремљ: Навални може да биде префрлен на лекување во друга држава ако пристигне такво барање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот