САД го запреа производството на вакцината на „АстраЗенека” во Балтимор

Фото: EPA

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нареди фабрика во Балтимор, каде беа уништени 15 милиони дози на вакцината на „Џонсон и Џонсон”, поради грешка при вмешање со дел од препаратот за вакцината „АстраЗенека”, повеќе да не ја произведува вакцината на „АстраЗенека”, објави „Њујорк Тајмс”.

Отсега натаму, фабриката ќе произведува само вакцина на „Џ/Џ” со една доза за да спречи мешање во иднина на составот на вакцините, се наведува во извештајот во кој се цитирани двајца високи федерални здравствени службеници.

„Џ/Џ” објавија дека ја преземаат целосната одговорност за производството во таа фабрика, потврдувајќи ги промените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот