Чарли Кирк непоредно пред убиството/Фото: Charles-McClintock Wilson / Zuma Press / Profimedia

САД ги укинуваат визите за оние што ја слават смртта на Чарли Кирк

Американскиот државен секретар Марк Рубио изјави дека САД ги откажуваат и одбиваат визите за луѓето кои го слават убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.

Во објава на платформата X, тој истакна дека САД нема да бидат домаќини на странци кои ја слават смртта на нивните граѓани, додавајќи дека е во тек откажување на визите.

„Ако сте тука во САД со виза и навивате за јавно убиство на политичка личност, подгответе се да бидете депортирани. Не сте добредојдени во оваа земја“, напиша Рубио на X.

Слично предупредување претходно објави и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау, кој напиша на социјалните мрежи дека странците кои го величат насилството и омразата не се добредојдени во САД.

„Згрозен сум што гледам како некои на социјалните мрежи го величаат, рационализираат или го омаловажуваат настанот убиството на Кирк и им наложив на нашите конзуларни службеници да преземат соодветни мерки“, напиша Ландау.

Порталот од Брисел, „Еуроњуз“, пишува дека засега не е јасно колку визи се повлечени или одбиени, ниту врз основа на што Стејт департментот презема такви мерки. Не е познато дали новата политика на Вашингтон влијаела на некои европски граѓани.

Кирк беше застрелан и убиен на 10 септември додека зборуваше пред студенти на Универзитетот во Јута, а осомничениот беше уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот