САД: 11 членови на семејство се затруле јадејќи печурки, меѓу нив и едногодишно дете

rawpixel.com

Единаесет членови на едно семејство Амиши – вклучително и едногодишно дете – биле примени во болница викендов во американската држава Пенсилванија откако јаделе диви, отровни печурки, соопштија локалните власти.

Член на семејството во Пич Ботом Тауншип во југоисточна Пенсилванија им кажал на властите дека се разболеле откако јаделе диви печурки кои еден од нив „ги нашла во шумата … и ги донела дома за вечера“, изјави Грегори Фантом, портпарол на локалното противпожарно друштво.

Членот на семејството кој ги пријавил болестите пешачел околу километар до телефонска говорница за да се јави на 911, бидејќи амишкото семејство нема телефон, рече тој во изјава за „Си-ен-ен“.

Единаесеттемина се маж, жена и девет од нивните деца. Жртвите се на возраст од една до 39 години, соопшти противпожарната служба.

„Тоа биле отровни печурки, но болницата треба да го потврди видот“, изјави началникот на итна медицинска помош на округот Јужен Јорк, Лора Тејлор.

Противпожарната служба и единиците на ЕМС отишле кај семејството во петокот вечерта, откако им било кажано дека 11-те „консумирале токсични печурки и дека сите се во тешка состојба“, соопшти пожарникарската служба во објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот