Сѐ е подготвено, се чекаат младенците: Саша Богдановиќ и Јелена ќе се венчаат во Грачаница (ФОТО)

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и неговата избраничка Јелена Брауновиќ попладнево ќе се венчаат во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница.

На црковната церемонија во најстарото српско светилиште на Косово ќе присуствуваа членовите на потесното семејстово на младенците, како и нивните кумови и старосватови. Досега се пристигнати околу 15 гости, се чекаат младенците да пристигнат од Скопје.

Пристигнуваат гостите, се чекаат младенците/ Фото: Слободен печат

 

Во дворот на Манастирот ги пречека „витезот од Грачаница“ кој е од витешкиот ред Црвен змеј кој датира од времето на српскиот крал Милутин кој е ктитор на светилиштето изградено во времето на неговото владеење, односно во 1321 година.

Витез од редот „Црвен Змеј“/ Фото: Слободен печат

Младенците го одбраа токму овој манастир поради нивното потекло, односно српското на Богдановиќ и црногорското на Јелена, поради тоа што во Скопје не можеле да склопат црковен брак поради проблемот со непризнаената МПЦ-ОА од страна на Српската православна црква. Ова за Слободен печат го изјавија членовите на семејството на невестата.

Српско знаме и обичаи во духот на традицијата на семејствата Богдановиќ и Брауновиќ/ Фото: Слободен печат

Предвидено е, церемонијата на венчавање во манастирот да ја води отец Иларион од Рашко-призренската епархија.

Фото: Слободен печат

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот