Русковска: За евентуално обвинение за надоместоците во СЈО би почекале уште еден ревизорски извештај

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска засега не би го коментирала најновиот ревизорски извештај објавен во јавноста за надоместоците за тајност што ги исплатило СЈО, во вредност од 4,6 милиони евра.

На прашањето дали е се поизвесно дека ќе биде покренато обвинение, во кое најверојатно би биле опфатени колеги обвинители, таа вели дека е неопходно прво да се почекаат податоците уште од еден извештај спроведен од Државниот завод за ревизија.

– Ова е само еден ревизорски извештај што е објавен во јавноста. Постои уште еден, кој не е објавен, бидејќи ќе треба да се декласифицира. Тој е во моментов во Републичкото јавно обвинителство, па ќе видиме допрва што ќе содржи, но секако би побарале декласификација, изјави Вилма Русковска за Слободен печат.

Прочитајте и...  Рим воведува полициски час поради пандемијата

Уште кон крајот на минатата година алатката за транспарентност во јавното трошење „Отворени финансии“ покажа дека високи додатоци и надоместоци освен за обвинителите, биле исплаќани и за низа надворешни соработници.

Во денеска објавениот извештај се вели дека специјалните обвинители добивале додатоци во 2015 година поголеми од нивните плати, а во период од јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност добиле околу 4,5 милиони евра без да има законско покритие.

Во ревизорскиот извештај се нотира дека додатоците на плата за 2015 година кои што се предвидени за Јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатени средства за основната плата по лице.

Прочитајте и...  Пратениците на 27 октомври ќе расправаат за Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на буџетот

Јавноста бурно реагираше кога се сподели веста дека според базата на податоци „Отворени финансии“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за четири години добила надоместоци од вкупно 157 илјади евра, а останатите обвинители од СЈО добиле од 80.000 до 100.000 евра, надвор од редовната плата. Сепак, обвинителите во СЈО имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење висок ризик и додаток за доверливост.

Претходно државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, прашан за коментар за истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал, која се води за надоместоците во СЈО, одговори дека првичните согледувања за овој предмет покажале дека за иста ставка, односно доверливост, двапати се делеле надоместоци во СЈО.

Прочитајте и...  Народна банка ја засилува битката против фалсификуваните евра

– Законот има изречна одредба дека тие додатоци не може да надминат 35 отсто од платата, трите вида додатоци – за ризик, за доверливост и за услови за работа. Висината на додатокот ја определува раководителот за секој одделно, истакна Јовески.

Инаку, за време на изработката на извештајот, кој требаше да биде готов уште во јуни, лавина реакции покрена однесувањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која во просториите на Заводот за ревизија се соблекла по долна облека и се пожалила дека е киднапирана, бидејќи немала ни покана за сослушување во истрага, ниту и бил покажан судски налог за напуштање на домот за да биде однесена на распит во Завидот, во чии простории веќе се наоѓала заменичката на Русковска.

 

Поврзани вести

ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Заев по состаноците со челниците на ЕУ

Слободен печат

Во Кочани сè помлади пациенти со потешки симптоми на ковид-19

Слободен печат

Директорот на ДЗС ја потпиша пограмата за стручно оспособување на пожарникари

Слободен печат

Административни згради како цел: Спречен терористички напад во Москва

Слободен печат

Бибер: Ако има блокада од земја членка за Северна Македонија ова ќе биде силен удар за процесот на ЕУ интеграција

Слободен печат

Заев, Димитров и Османи во разговор со Сасоли: С. Македонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар