Русковска: Да не се политизираат убиствата на Вања и Панче, оти и тоа ќе се разгледува пред екстрадицијата

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете, изјави денеска поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои е првоосомничен Љупчо Палевски – Палчо.

Во изјава за медиуми по доделувањето на државната награда „Св. Климент Охридски“ во Собранието на РМ, Русковска кажа дека и колегите во Турција, од каде се очекува Палевски да биде екстрадиран, ќе го имаат сето ова во предвид.

– Сметам дека и колегите во Турција, односно судиите, кои ќе ги разгледуваат доказите и ќе одлучуваат по екстрадицијата, ќе го имаат сето ова предвид – рече таа.

Според неа, истрагата треба допрва да утврди која е вистинската позадина на случајот.

Министерството за правда вчера го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски до Турција, откако беше упасен во оваа државана 5 декември, еден ден по распишувањето на меѓународната потерница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот