Руско-балканска верзија: Вака би живееле Барби и Кен доколку беа од овие простори (ФОТО)
Руската фотографка Лара Вучузанина на својот Инстаграм профил најпопуларната кукла во светот, Барби, ја прикажа во сосема поинакво издание од она во кое сме навикнати да ја гледаме.
Лара во своите фотографии Барби и Кен ги смести во опкружување во какво веројатно би живееле доколку тие настанале на Балканот, односно во било која старословенска земја.
Стара кујна, црвено тенџере со бели точкички, плетено џемперче, календар залепен на ѕидот, облека која виси во средина на собата, алкохол и цигари на масата, конзерва, мачка и постара жена која ги мие садовите во позадина, додека Кен чита весник, а Барби простира алишта.
Атмосферата во која Лара ги сместила Барби и Кен кај многумина предизвика носталгија и воодушевување.
Лара објасни дека популарните кукли ги сместила во периодот на советска Русија, односно во осумдесетите години од минатиот век, но слободно можеме да кажеме дека овој приказ е повеќе од оригинален и за балканските простори.
За овој проект таа ја доби наградата „Doll Photography Award“.