Руските граѓани во Белград на претседателските избори најмногу гласале за против кандидатот на Путин

Улица Караѓорѓева Белград/ Фото OLIVER BUNIĆ / RAS SRBIJA

Прелиминарните резултати од претседателските избори во Русија покажале дека мнозинството Руси во Белград гласале против Владимир Путин, а за неговиот противкандидат Владислав Даванков гласале дури 67 отсто од руските граѓани во Србија.

Изборите во Русија завршиле по неколкудневно гласање, но победникот бил однапред познат. Владимир Путин освои околу 87 отсто од гласовите и си обезбедил нов шестгодишен мандат.

Владимир Путин ке остане претседател на Русија до 2030 година, а измените на законот кои самиот ги протурка му дозволуваат да биде на власт дури до 2036 година.

Како што пишуваат медиумите , изборниот ден бил доста бурен. Беспилотните летала, за кои се верувало дека се лансирани од Украина, нападнале неколку руски градови, вклучително и Москва.

Имало жртви и повредени, а гласањето за првпат се одвивало во текот на неколку дена затоа што било организирано и на окупираната територија на Украина.

Кога станува збор за противниците на Путин, Николај Харитонов има 4,6 отсто, кандидатот на Партијата на „Новиот народ“ Владислав Даванков 4,2 отсто, додека претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки освоил три отсто од гласовите. Сепак, руските граѓани во Белград најмногу гласаа за Владислав Даванков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот