Руски обложувалници заработуваат од коронавирусот: Се обложуваат кога ќе снема квасец и тоалетна хартија

Светскиот бизнис со обложувањето е една од индустриите вредна стотици милијарди долари, на која пандемијата на коронавирусот многу и наштети. Со оглед на тоа што скоро сите спортски настани се откажани, облжувалниците практично немаат извори на приход.

Две руски онлајн обложувалници заклучиле дека загубите можат да ги надоместат со обложување на коронавирусот.

Затоа во својата понуда ставиле обложување на веројатноста за пронаоѓање вакцина и на погодување на датум кога цела Москва ќе биде ставена во карантин, а можете да се обложите кога во Русија ќе снема тоалет хартија, квасец и брашно, пишува Moscow times.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот