Руската сензација прави чуда на ледот: Валиева ги надминува границите на возможното

Камила Валиева/ фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Тинејџерката Камила Валиева (15) на своите први ЗОИ изведува невидени егзибиции во уметничко лизгање, а експертите веќе ја прогласуваат за најдобра на сите времиња, иако ова ѝ е прва сениорска сезона  

Руската тинејџерка Камила Валиева (15) веројатно е личност број еден на ЗОИ Пекинг 2022 иако ова и се први олимписки игри. Експертите веќе ја сметаат Валиева за најдобрата лизгачка на сите времиња, иако таа штотуку почнува со својата кариера.

Тимот на Русија во уметничко лизгање го освои златото во екипна конкуренција најмногу благодарение на нејзината изведба при која првпат во историјата една жена изведе четирикратно свртување на натпревар. Таа тоа го стори трипати во својот настап во слободната програма, па иако еднаш падна, сепак доби убедливо највисоки оценки. Светот со нетрпение ги очекува настапите на Валиева во индивидуалната програма на ЗОИ.

Иако ова и е прв настап на Валиева на олимписки игри. Досега не се натпреварувала на ниедно СП, таа досега постигнала девет светски рекорди во уметничко лизгање. Меѓу нив е комбинираниот светски рекорд во освоени поени (272,71) постигнат на гран-при натпревар минатиот ноември. Претходниот ваков рекорд беше 247,59 поени (Алена Косторнаја, Русија). Сето тоа таа го постигна на стартот на кариерата, а единствен голем настан во сениорска конкуренција и е неодамнешното ЕП на кое секако освои злато.

Камила Валиева/ фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Не постои лимит за ова чудо од дете се согласуваат експертите. Таа нивото во женска конкуренција го крена на невидени височини. Затоа својот фокус наводно го насочила да ги достигне постигнувањата на лизгачите. Американецот Нејтан Чен и Јапонецот Јузуру Хању обајцата направија по пет четирикратни свртувања во нивните настапи.

– Успеав да направам две четирикратни свртувања, а третото не ми успеа, оно ќе работам на тоа. Неверојатно чувство. Прва сезона сум во сениорска конкуренција, а веќе сите зборуваат за мене – вели Валиева.

Камила Валиева на победничкиот пиедестал/ фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Таа е родена во Казан, а на тригодишна возраст и кажала на мајка и дека сака да биде олимписка шампионка. Почнала да лизга на 5 години, а кога имала 6 години талентот и бил толку очигледен што семејството се преселило во Москва за таа да има идеални услови за работа. Според експертите, низ сите генерации на лизгачки досега овој спорт не е виден каков талент како Валиева.

Комбинацијата на елеганција и сила што и овозможува да изведува досега невозможни моќни фигури во воздухот, а тоа да изгледа грациозно, ја прави уникатна. Изгледа лесно кога тоа го прави Валиева, но нејзиниот живот досега е само работа.

– Работиме многу – скромно вели тинејџерката кога е ја прашаат како и успева да е толку добра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот