Руската православна црква ги нарече грешници оние кои одбиваат да се вакцинираат: Прават грев и ќе се искупуваат цел живот

Руска православна црква/ Фото: ЕПА

Руската православна црква ги осуди денеска луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 како грешници и им порача дека ќе мора да се искупуваат до крајот на животот зошто Русија се соочува со уште еден скок на нови инфекции и смртни случаи.

Црквата ги повика сите свои верници да се вакцинираат откако денеска се регистрирани уште 24.353 нови случаи на ковид-19, од кои 6.557 во Москва, со што вкупниот број на заразени од коронавирусот од почетокот на пандемијата порасна на 5.635.294, пренесува Ројтерс.

Владината работна група за борба против пандемијата од коронавирус соопшти дека во изминатите 24 часа од последиците поврзани со коронавирусот починаа 654 лица, па вкупниот број на смртни случаи се искачи на 138.579.

Митрополитот Иларион, шеф на одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија за државната телевизија изјави дека оние кои одбиваат да се вакцинираат прават грев за кој ќе мора да се искупуваат во текот на својот живот.

-Секојдневно сведочам за ситуации кога луѓето посетуваат свештеник за да признаат дека одбиле да се вакцинираат или делувале на своите блиски да не примат вакцина и така предизвикале нечија смрт, рече митрополитот Иларион.

Тој истакна дека е грев да се мисли само на себе, а не и на другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот