Руската новинарка Овсјаникова тврди дека била отруена откако ѝ се слошило

Марина Овсјаникова EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Француски обвинители го истражуваат наводното труење на руската новинарка кој побегна од земјата откако ја осуди војната во Украина за време на директен пренос на руската телевизија. Марина Овсјаникова повикала брза помош и била хоспитализирана откако одеднаш и се слошило додека го напуштала својот стан во Париз и рекла дека се сомнева дека е отруена, соопшти париското обвинителство.

Полицијата извршила претрес во нејзиниот стан, а истрагата е во тек. Организацијата за набљудување на медиумите Репортери без граници, која и помогна на Овсијаникова да избега од Русија и да се пресели во Франција, рече дека нивниот тим бил со неа откако таа побарала лекарска помош. Групата, позната и по францускиот акроним РСФ, немала дополнителни информации за тоа што се случило.

Овсијаникова, која работела за руската државна телевизија Канал 1, привлече меѓународно внимание во март 2022 година, откако се појави зад водителката во живо во вестите со натпис: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, ве лажат“.

Таа е обвинета за навреда на руската армија и казнета со 30.000 рубљи. Таа подоцна организираше протест во близина на Кремљ во јули 2022 година, беше приведена и ставена во домашен притвор пред да побегне во Франција со својата ќерка.

На почетокот на овој месец, московскиот суд во отсуство ја осуди на осум и пол години затвор поради ширење лажни информации за руската војска. Тоа беше најновиот пример на руското задушување на несогласувањето, кое се интензивираше откако Русија ја нападна Украина пред речиси 20 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот