фото рубљи

Руската централна банка ги демантираше гласините дека ќе ги замрзне депозитите на мало

Руската централна банка (РЦБ) се обиде да ги побие гласините за можно замрзнување на депозитите на мало, што забележа експлозивен раст во последните месеци поради зголемувањето на каматните стапки, објави Ројтерс. Примарната стапка на централната банка минатата година се искачи на 21 отсто, што е највисоко ниво од раните денови на владеењето на претседателот Владимир Путин.

Целта на институцијата е да ја контролира инфлацијата во земјава, предизвикана од владините трошоци и растот на платите. Како одговор, комерцијалните банки им понудија на своите клиенти краткорочни депозити со каматни стапки и до 30 отсто. Ова доведе до засилена активност бидејќи граѓаните почнаа да префрлаат пари од една во друга банка во потрага по највисок принос.

Загрижени за своите заштеди, Русите ја преплавија централната банка со прашања за евентуално замрзнување на депозитите.

„Оваа идеја е апсурдна, покрај тоа што е грубо кршење на правата на граѓаните и компаниите да управуваат со своите средства, таквиот чекор би ги поткопал темелите на банкарскиот систем и финансиската стабилност на земјата“, соопшти РЦБ на својот канал на социјалната мрежа Телеграм, пренесува „24Часа.бг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот