pixabay
Вода / Фото: Архива на Слободен печат

Руска нутриционистка објаснува: Дали флашираната вода може да биде опасна по здравјето?

Сите знаеме дека водата е живот, а експертите многу пати до сега зборувале што е поздраво да се пие, вода од чешма или флаширана?

Флашираната вода е здрава и проверена сама по себе но, руската нутриционистка Наталија Денисова открива еден случај кога таа може да биде штетна по здравјето.

„Водата која се продава е проверена и безбедна, но ако во продавницата е директно изложена на сончева светлина се загрева пластиката. Ако амбалажата на шишето е направена од евтина пластика, тука настанува проблемот бидејќи постои ризик штетните супстанци како полифенолни соединенија да се испуштат во водата“, рече Наталија Денисова.

unsplash

Ако постојано пиете таква вода, со тек на време ќе се појават негативни последици на вашето здравје. Ако е водата газирана, ризикот е уште поголем. Во тој случај сончевата светлина го зголемува ризикот на испуштање штетни супстанци во водата“, порачала руската нутриционистка, пренесува „SD“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот