Русија започна клиничко испитување на вакцината против Ковид-19, вакциниран првиот доброволец

Државниот Институт за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ во Русија започна клиничко испитување на потенцијалната вакцина против коронавирусот.

Клиничките испитувања на вакцината, развиени од „Вектор“ почнаа вчера кога беше вакциниран првиот доброволец. Тој ја примил вакцината и моментално се чувствува добро, пренесе ТАСС.

Клиничките испитувања ќе се вршат на пет доброволци. Првиот ја прими вакцината вчера, следниот ќе ја прими на 30 јули, односно за 72 часа, а другите тројца ќе бидат вакцинирани во исто временско растојание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот