Русија лансира хиперсонична крстосувачка ракета: „Циркон“ полета од фрегатата „Адмирал Горшков” во Бело Море

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Од фрегатата „Адмирал Горшков” во Бело Море е успешно лансирана хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“.

– Ракетата „Циркон“, со брзина со осум маха погоди мета во Баренцово Море, на оддалеченост од 450 километри, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов за време на видео-конференцијата со рускиот претседател Владимир Путин.

Се претпоставува дека ракетата може да достигне брзина деветпати поголема звукот, а дострелот да биде над илјада километри.

Тестирањето на „Циркон“ ќе продолжи и планирано е со ракетата да бидат вооружени бродовите и подморниците, а Путин претходно најави дека се работи на копнена верзија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот