Русија го регистрираше лекот во спреј „Лајтрагин” против Ковид-19

Фото: hellograndparent.com

„Лајтрагин” е првиот лек што има за цел да спречи и да се бори против цитокинската бура што во организмот ја предизвикува Ковид-19.

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Лајтрагин” за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирус, соопшти денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата интернет страница.

„Лекот во спреј „ Лајтрагин”, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот”, се наведува на сајтот на Агенцијата, пренесе Тасс.

Во соопштенито се додава дека производството на лекот веќе е во тек.

„Лајтрагин” е првиот лек што има за цел да спречи и да се бори против цитокинската бура што во организмот ја предизвикува Ковид-19.

За време на клиничкото тестирање меѓу 320 пациенти со средни симптоми на Ковид-19 немало смртни, ниту посериозни случаи.

Пациентите кои земале „Лајтрагин” заздравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класичните методи заздравувале за 14 дена, наведено е во клиничките тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот