Румениге: Сане го „откачи“ Баерн! - Слободен печат
СпортФудбал

Румениге: Сане го „откачи“ Баерн!

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге објасни што се случува со најголемата трансфер цел на клубот – Лирој Сане.

Ситуацијата кај Лерој е таква што тој се враќа оваа недела од одмор. Тој не сакаше да води разговори пред тоа, а и не сакаше да размислува за својата иднина.

– На сите им е јасно дека ние бараме крило, подготвени сме. Дали работите ќе излезат според планот, треба да почекаме – рече легендата на германскиот фудбал, Румениге.

Пред неколку дена најтиражниот европски весник „Билд” излезе со материјал дека Сане не сака да премине во Минхен, бидејќи бил игнориран од Баварците во времето кога го носеше дресот на Шалке.

– Баерн е добра дестинација за играчите, бидејќи имаме прекрасен град, прекрасен стадион. Но, трансфер сумите денес се различни – додаде Румениге.

Воедно очекува домино ефект во Европа со цел германскиот гигант да оствари голем трансфер во текот на летниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close