Румениге: Не верувам дека ќе има трансфери од 100 милиони евра!

Карл-Хајнц Румениге/ фото: EPA/MATTHAIS SCHRADER

Директорот на Баерн Минхен тврди дека кризата поради пандемијата на коронавирус ќе влијае и на фудбалскиот трансфер пазар.

Карл-Хајнц Румениге се сомнева дека ова лето ќе има трансфери од 100 милиони евра или повеќе.

Не верувам дека во следниот преоден рок дека некој клуб во Германија или Европа ќе плати 100 милиони евра за нов играч – рече Румениге.

Исто така зборуваше и за шпекулрациите за формирање на т.н. Суперлига, натпреварување во кое би учествувале најбогатите, најголемите европски фудбалски клубови.

Во Германија и Англија не постои интерес за Суперлига, нема ништо да направиме. Учеството во Лигата на шампионите овозможува да заработите повеќе и имате одлични приходи – додаде Румениге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот