Рударски гигант со експлозив уништи 46.000 години стари пештери на Абориџините

Експлозивот е активиран во неделата во близина на пештара во состав на дозволата на државните власти издадена пред седум години, наведе Рио Тинто во соопштението.

Британско – австралискиот рударски гигант Рио Тинто призна дека со експлозив уништил пешетри на Абориџините во Западна Австралија стари 46.000 години, пренесе БиБиСи.

Пештерите во клисурата Јукан, во регионот Пилбара се уништени минатата недела при работи на проширување на рудникот.

Тие пештери се драгоцени за културата на Абориџините и спаѓаат меѓу најпознатите места на кои се откриени траги од абориџинското присуство.

„Се извинуваме поради неволјите што ги предизвикавме“; рече Крис Салисбери, извршен директор на компанијата.

„Го изразуваме своето почитување кон народот Путу Кунти Курама и Пиникура (ПККП), рече тој. Инаку ПККП се традиционални сопственици на тоа место.

„Ќе продолжиме да соработуваме со ПККП за да научиме од она што се случи да го засилиме нашето партнерство. Итно ќе ги преиспитаме плановите за сите останати места во подрачјето на клисурата Јукан“, додаде тој.

Експлозивот е активиран во неделата во близина на пештара во состав на дозволата на државните власти издадена пред седум години, наведе Рио Тинто во соопштението.

Само година дена по издавањето на дозволата во археолошките ископи во едно од засолништата е откриен еден од најстарите примери на коскен алат во Австралија, изострена коска од кенгур стара 28.000 години и плетенка од коса стара 4.000 години, за која се верува дека се носела како појас.

ДНК тестовите на косата покажаа генетска врска со доморците кои денеска живеат на тоа подрачје.

При ископувањата во 2014 година пронајден е и еден од најстарите примери на брусен камен во Австралија.

Локалната абориџинска заедница соопшти дека традиционалите сопственици на 15 мај соопштиле дека Рио Тинот планира да детонира експлозив во близина на пештерите, откако компанијата побарала пристап до тоа место.

Обидите за преговори со рударската компанија да се откаже од експлозијата не успеаја и кажано им е дека не можат безбедно да го отстранат ниту пак да го остават недетониран, изјавија тие.

„Свесни сме дека Рио Тинто ги исполни правните обврски, но сериозно сме загрижени поради нефлексибилноста на регулаторниот систем“, рече претседателот на Абориџините.

Претседателот на одборот на ПККП Џон Ешбартон рече дека тоа е „разорен удар“ за заедницата.

„Има само неколку познати локалитети на Абориџините во Австралија стари како Јукан“, рече тој и нагласи дека локалитетот е меѓу најстарите во светот.

„Нашиот народ длабоко е вознемирен и тажен поради уништувањетп на пештерите и длабоко жалиме поради загубата на поврзаноста со нашите предци како и со нашата земја“, рече тој.

Австралискиот министер за абориџинска заедница Кен Ват, и самиот Абориџин, рече дека е „несфатливо“ тоа што се продолжило со детонирањето и додаде дека се чини дека тоа „навистина било грешка“.

Во овој случај државните закони не се успешни, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот