Рубиалес не сака да поднесе оставка по скандалот на Светското првенство за фудбалерки

фото: EPA-EFE/Mariscal

Луис Рубиалес не сака да поднесе оставка од функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација по скандалозниот бакнеж што ѝ го даде на Џенифер Хермосо по освојувањето на Светското првенство за жени во фудбал, но наскоро би можел да остане без луѓе со кои би управувал.

Откако вчера првите луѓе на некои регионални шпански федерации поднесоа оставки на своите функции, тоа денеска го направија и тренерите во националните селекции.

Вкупно 11 машки и женски тренери поднесоа оставки, а сето тоа поради, како што истакнаа, неприфатливото однесување и изјавите на Рубиалес во последните денови.

ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал

– Наместо да зборуваме за успехот што го постигнавме, мораме да се бориме со вакви работи – напиша Монсе Томе, помошник тренер во сениорската женска селекција, на социјалните мрежи.

Покрај неа, оставки поднесоа и селекторот на репрезентацијата до 19 години, Соња Бермудез и нејзиниот колега во репрезентацијата до 17 години, Кенио Гонзало.

Да потсетиме, денеска ФИФА соопшти дека во саботата го суспендираше Луис Рубиалес на најмалку 90 дена „од сите активности поврзани со фудбалот на национално и меѓународно ниво“. На Рубиалес исто така му е забрането да контактира со Џенифер Хермосо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот