Рубен Аморим/EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Рубен Аморим добива понуда да се врати во фудбалот?

Седум недели откако доби отказ од Манчестер јунајтед, португалскиот стратег Рубен Аморим би можел експресно да се врати на тренерската сцена. Откако заврши неговиот 14-месечен престој на „Олд Трафорд“, Аморим е без ангажман, но според информации од бразилските медиуми, се наоѓа на листата на кандидати на гигантот Васко да Гама, кој неодамна го разреши Фернандо Диниз.

Неговото кратко и бурно искуство во Премиер лигата заврши по серија разочарувачки резултати, но и проблеми во комуникацијата со управата на клубот. Сепак, угледот на Аморим останува доволно висок за да привлече внимание од еден од најтрофејните јужноамерикански клубови.

Според бразилските извори, Васко да Гама итно бара нов тренер кој ќе ја стабилизира екипата, а Аморим се смета за идеално решение за да го води клубот низ тешката фаза. Клубот од Рио де Жанеиро моментално е на 17. место со само еден освоен бод во првите три кола, а поразот од Флуминенсе со 1:0 го забрза заминувањето на Диниз.

Иако на прво место се споменува тренерот на Ал-Рајан, Артур Жорге, не е невозможно и Аморим да ја добие довербата, секако ако Португалецот прифати да работи во Бразил по епизодата во англискиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот