РТС со скандалозно тврдење: Мијаците се старо српско племе

Фото: Слободен печат

Радио-телевизија Србија објавува дека Мијаците се старо српско племе, што предизвика остра реакција од месната заедница Галичник.

„Мијаците се старо српско племе кое уште во средниот век се доселиле од Албанија за да се заштитат од Турците”, се вели во најавата за емисијата.

Во Утринската програма на РТС авторот и водител на емисијата „Квадратура круга” Бранко Станковиќ за во сабота, 9 ноември, ја најавува новата епизода од оваа емисија под наслов „Мијаците – старо српско племе”.

На прилогот реагира МЗ Галичник која вели дека РТС го навредува тенденциозно македонскиот народ и бараме повлекување на тенденциозните тези.

„При реализација на емисијата претставници на месна заедница Галичник беа интервјуирани од страна на авторот на емисијата при што никој не изјави дека Мијаците (Галичаните) се старо српско племе. Напротив, ова негово тврдење, според нас е тенденциозно, произволно и навредливо со оглед на тоа дека на екипата на РТС и беше отстапен видео материјал за Галичник и Галичката свадба сопственост на МЗГ и дека додека престојуваше во Галичник ТВ екипата беше испочитувана со сета гостопримливост што е карактеристика на македонскиот народ. Како МЗ Галичник јавно го осудуваме ваквиот настап на авторот на емисијата „Квадратура круга” и бараме од него во сабота пред почетокот на емисијата во која ќе се зборува за Галичник и другите мијачки населени места, да се извини и да ја повлече оваа најава”, се вели во реакцијата.

Мијаците се дел од македонскиот народ кој живее во Мијачијата или долнореканскиот крај по течението на реката Радика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот