РСБСП со апел да се вози внимателно за велигденските празници
РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, патници, велосипедисти и пешаци, да бидат особено внимателни и одговорни при учество во сообраќајот за време на претстојните велигденски празници.
Препорачано
За време на празникот, велат дека се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, па затоа потсетуваат дека безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка одговорност на сите.
До сите учесници во сообраќајот апелираат:
– Почитувајте ги ограничувањата на БРЗИНАТА на движење и пропишаната
сообраќајна сигнализација;
– НЕ управувајте возило под дејство на АЛКОХОЛ и ЗАМОР;
– Прилагодете ја брзината на движење према условите и состојбата на патот;
– Користете сигурносен ПОЈАС;
– НЕ користете МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за време на управување со возило;
„Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење – но и обврска да придонесат за тоа. Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството – не дозволувајте една непромислена одлука да ги засени овие вредности. РСБСП им посакува на сите граѓани среќни, мирни и безбедни празници. Да го дочекаме Велигден со насмевка, да бидеме одговорни и внимателни учесници во сообраќајот“ порачуваат од РСБСП.


