Роналдо под истрага на италијанските власти, го прекршил протоколот?

фото: твитер

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора инсистира на истрага за да се утрди дали фудбалерот на Јувентус го прекрпил протоколот за коронавирус.

Спадафора смета дека Кристијано Роналдо не смееше да го напушти Торино и да замине во Португалија за да настапи на својата репрезентација во Лигата на нации кон средината на октомври.

Роналдо се врати во Италија со приватен лет, останува во карантин!

Ѕвездата на Јувентус требаше да остане во самоизолација во Торино бидејќи во младинскиот тим на „старата дама“ имаше позитивни случаи на коронавирус.

Роналдо на 11. октомври во Париз настапи за својата репрезентација против Франција, а два дена подоцна беше објавено дека е позитивен на ковид-19 поради што не настапи на натпреварот против Шведска.
Фудбалерот во Торино се врати со приватен авион и оттогаш е во самоизолација. И Јувентус и Кристијано Роналдо ги отфрлија тврдењата на министерот Спадафора и истакнаа дека не направиле ништо погрешно.

Италијанскиот министер му одговори на Роналдо: Немаш право да лажеш и да бидеш арогантен…

Италијанската влада поради влошената епидемиолошка ситуација повторно воведе рестриктивни мерки со кои е прекинат аматерскиот спорт, додека професионалниот се уште се игра под строги здравствени мерки.

Кристијано Роналдо позитивен на коронавирус

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот