Роналдо е најлошиот изведувач на слободни удари! (ФОТО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Минатото лето Кристијано Роналдо од Реал Мадрид слета во Торино, досега во дресот на италијанскиот шампион 24 пати се обиде да погоди од прекин.

Во ниту еден обид не бил успешен, 15 пати удрила топката во „живиот ѕид“, двапати надвор од рамките на голот, седумпати подобар беше голманот.

Статистички, Роналдо е најлошиот изведувач на слободни удари во Серија А. Единствениот играч кој во историјата на италијанската лига статистички е полош од Португалецот е фудбалерот на Фросиноне, Камиљо Киано, кој минатата сезона изведе дури 21 неуспешен обид од слободни удари, Но, Фросиноне настапува во втората лига, па Роналдо е осамен на врвот најлоши изведувачи во Италија.

Роналдо во кариерата беше препознатлив по одлично изведените слободни удари. За Јунајтед, Реал и репрезентацијата на Португалија имаше прекрасни голови, но не му оди со Јуве.

За „кралскиот“ клуб имаше 450 слободни удари и реализираше 30 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот